Top Sport

(Фото) Ултрасите на ПСЖ пресреќни што се ослободиле од Нејмар

Малку од навивачите на Пари Сен-Жермен жалат што нивното најскапо засилување (а воедно и најскап фудбалер во историјата), Нејмар си замина во Ал-Хилал.

Ова беше јасно пред вчерашниот домашен меч на ПСЖ против Ленс, кога на трибините се појави транспарент со порака: „Нејмар – конечно се ослободивме од непристојниот“.

Нејмар пристигна на „Паркот на принцовите“ во 2017 од Барселона за рекордни 222 милиони евра, а и покрај тоа што освои низа титули во Франција, главната цел, трофејот од Лигата на шампионите остана недостижен. 31-годишниот Бразилец одигра 173 меча за ПСЖ.

Scroll to Top