Top Sport

(Видео) Холовеј го пензионираше „Корејскиот зомби“ со страшен нокаут

Американецот Макс Холовеј го прати во пензија Чен Сунг Џунг, попознат како „Корејскиот зомби“ со страшен нокаут во главниот меч на УФЦ вечерта во Сингапур.

36-годишниот Сунг Џунг, веќе потврди дека ова е неговиот последен меч во ММА, откако се врати во октагонот по пауза од година дена. Тој успеа да му парира на Холовеј, но во третата рунда, не беше подготвен за бруталниот удар, кој го прати на подот.

„Корејскиот зомби“ во кариерата имаше 25 меча, од кои 13 во УФЦ.

Scroll to Top