Top Sport

Фотографот го прифати извинувањето од Серхио Рамос

Дефанзивецот на Пари Сен-Жермен, Серхио Рамос му се извинил на фотографот Маркус Гилијар откако го турна по поразот од Баерн Минхен во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Рамос не можеше да го скрие разочарувањето од поразот од 0:1 кога играчите на ПСЖ отидоа да ги отпоздрават навивачите, кога по еден контакт со фотографот, го истурка.

„Најголемо изненадување вечерва – вчера Серхио Рамос лично ме контактираше и се извини за неговите постапки. Извинувањето е прифатено, случајот е завршен“, напиша Гилијар на Инстаграм.

Рамос му одговори на социјалните мрежи со благодарност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Markus Gilliar (@baden_gille)

Scroll to Top