Раководството на Фрајбург најверојатно нема официјално да побара преигрување на мечот од Бундеслигата против Баерн Минхен иако противникот извесно време играше со 12 фудбалери во полето. Домаќините на крајот загубија со 1:4.
Баварците за грешката го обвинија четвртиот судија, кој, според нив, не си ја завршил работата како што треба при замената кога Сабицер влезе во игра.
Тренерот на Фрајбург, Кристијан Страјх, по мечот истакна дека не размислува да ја обжали победата на Баерн Минхен.
„Сигурен сум дека нема да поднесеме жалба. Тоа беше период од само 17 секунди во кои противникот беше со играч повеќе и тоа ништо не промени, без разлика на правилата. Верувам дека и другите во клубот го имаат истото мислење“, истакна Страјх.
Сепак, конечниот збор ќе го има Фудбалската федерација на Германија.