Top Sport

Франција без Дембеле до крајот на ЕУРО?

Усман Дембеле, нема да биде во составот на Франција, на натпреварот против Португалија, во последното коло во Ф-групата.

Дембеле, се повреди, во саботата, против Унгарија (1:1). Крилниот напаѓач на Барселона, против Унгарија како резерва влезе во игра, одигра нешто помалку од 30 минути пред да биде заменет.

„Доби удар во коленото“, рекол по мечот во саботата, селекторот на Франција, Дидие Дешам.

Сепак, како што објави „Лекип“, Дембеле не го повредил само коленото туку и бутниот мускул.

Дембеле покрај дуелот со Португалија нема да игра ниту во осмина-финалето, а според „Лекип“ за него ЕУРО 2020 е завршено.

Повикувајќи се на свои извори, „Лекип“, пишува дека Дембеле ќе мора да паузира најмалку три недели.

Scroll to Top