Франција ќе мора да игра без Димитри Паје по неговата повреда во финалето на Лигата на Европа и без напаѓачот на Арсенал, Александер Лаказет на Мундијалот во Русија, откако Дидие Дешан го објави составот за СП.
Лаказет, кој постигна 14 гола во 32 натпревари за Арсенал оваа сезона е на листата на 11 фудбалери кои се на „стенд-бај“, односно би биле повикани доколку некој од првите 23 се повредат.
За Паје нема ваква шанса, откако трагичарот на поразот на Марсеј од 0:3 од Атлетико Мадрид, се повреди во првото полувреме.
„Тој беше сериозен кандидат за тимот, но со ваква повреда, потребни се најмалку три недели опоравување“, вели Дешам.
Notre équipe pour la Coupe du Monde ??? #FiersdetreBleus #ListeDes23 pic.twitter.com/Wq2KGAYoQX
— Equipe de France (@equipedefrance) May 17, 2018
Според очекувањата во тимот го нема и напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, кој е отсустен по скандалот со уценување со секс-видео на поранешниот колега Матју Валбуена.
Во нападот, Дешам ќе смета на Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Оливие Жиру (Челси) и Килијан Мбапе (ПСЖ). Усман Дембеле од Барселона е во составот, а на „листата на резерви“ е и Антони Марсијал по неубедливата сезона со Манчестер јунајтед.
„Имам целосна доверба во моите играчи. Некои ќе играат многу, некои нема. Најважен е животот во групата“, вели Дешам.
Составот беше објавен со одлично мотивациско видео за „триколорите“.
Un pays. Un peuple. Une équipe. Tous ensemble nous serons #FiersdetreBleus ? ?? pic.twitter.com/hw09ToNvQj
— Equipe de France (@equipedefrance) May 17, 2018