Top Sport

Франција е „лек“ за Хрватска, два магични гола на Роналдо!

Франција ја доби и репризата на финалето на Светското првенство во 2018 година со идентичен резултат, откако во Париз со 4:2 во возбудлив меч ја совлада Хрватска за совршен старт на новото издание на Лигата на нации и израмнување со Португалија на првото место во нивната група, откако Кристијано Роналдо го постигна својот 100. и 101. гол во националниот дрес за 2:0 победа кај Шведска.

На „Стад де Франс“ Хрватите успеаја да ги шокираат домаќините во 17. минута, кога дефанзивецот на Зенит, Дејан Ловрен го постигна сигурно најубавиот гол во неговата кариера, успешно мамејќи ја целата одбрана на Французите. Сепак, „петлите“  се созедоа и во фуриозен финиш на полувремето направија пресврт – прво во 43. минута преку Антоан Гризман, а потоа две минути подоцна преку ударот на Антони Марсијал кој голманот Ливаковиќ несреќно ја смести во сопствениот гол.

Тука не беше крајот. Јосип Брекало успеа да израмни за Хрватска во 55. минута, пред десет минути подоцна Дајот Упамекано да ја врати предноста на Франција. Оливие Жиру од пенал во 77. минута стави точка на натпреварот.

Во Стокхолм, пак, вистинско шоу имаше Кристијано Роналдо, кој постигна два гола за да стигне до 101. гол во репрезентацијата, доближувајќи се на само осум од израмнувањето на рекордот на Иранецот Али Даеи за 2:0 победа над Шведска. Роналдо прво во 45. минута имаше фантастичен гол од слободен удар, за во второто полувреме во 72. минута да постигне уште еден прекрасен гол за потврда на победата.

Во групата 2 пак, Данска и Англија одиграа само 0:0, додека Белгија откако почна да губи од Исланд, на крајот стигна до 5:1 победа благодарение на двата гола на Мичи Батшуаи.

ЛИГА НА НАЦИИ, 2.КОЛО

ЛИГА А, ГРУПА 2

Белгија – Исланд 5:1

Данска – Англија 0:0

Табела: 1.Белгија 6, 2.Англија 4, 3.Данска 1, 4.Исланд 0

ЛИГА А, ГРУПА 3

Франција – Хрватска 4:2

Шведска – Португалија 0:2

Табела: 1.Португалија 6, 2.Франција 6, 3.Шведска 0, 4.Хрватска 0

ЛИГА Ц, ГРУПА 1

Кипар – Азербејџан 0:1

Луксембург – Црна Гора 0:1

Табела: 1.Црна Гора 6, 2.Луксембург 4, 3.Азербејџан 3, 4.Кипар 0

ЛИГА Д, ГРУПА 2

Сан Марино – Лихтенштајн 0:2

Табела: 1.Лихтенштајн 3, 2.Гибралтар 3, 3.Сан Марино 0

 

ФРАНЦИЈА – ХРВАТСКА

ШВЕДСКА – ПОРТУГАЛИЈА

БЕЛГИЈА – ИСЛАНД

ДАНСКА – АНГЛИЈА

Scroll to Top