Top Sport

Франција побара ФИФА да го казни Емилијано Мартинез

Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез и понатаму е една од главните фудбалски приказни. Неговото однесување на прославата на Светското првенство шокираше многумина, а сега Францускиот фудбалски сојуз поднесе официјална жалба за неговото однесување.

Причината е јасна – Мартинез за време на прославата во Аргентина носеше кукла со ликот на Килијан Мбапе на неа, а дури во соблекувалната по натпреварот изведе перформанс барајќи од соиграчите „минута молчење за Мбапе“, кој постигна три гола во финалето.

„Им пишав на луѓето од аргентинската федерација затоа што сметам дека ваквото однесување е ненормално во контекст на спортско однесување. Не можам да го разберам. Ова дефинитивно отиде предалеку, Мбапе се однесува примерно и е вистински пример за младите луѓе“, коментираше претседателот на Француската федерација Ноел Ле Грает.

За целиот случај се огласи и францускиот министер Бруно Ле Мер.

„Што прави ФИФА? Фер-плејот треба да биде најважното нешто во спортот“, изјави Ла Мер.

Мартинез го шокираше светот и со контроверзната прослава на наградата за најдобар голман кога трофејот го стави на половиот орган. Со скандалозното однесување продолжи во родната Мар де Плата, го навредуваше во Орелиен Чоамени. Играчот на Реал, во пенал серијата промаши пенал.

Scroll to Top