Top Sport

Франција, Турција и Англија на чекор до ЕУРО 2020

Вечерва со натпреварите во групите А и Б и дербито во Х-групата ќе бидат отворени последните две квалификациски рунди за пласман на ЕУРО 2020.

Англија во А-групата, вечерва треба да го потврди пласманот на ЕУРО 2020. Англичаните се апсолутни фаворити против Црна Гора, репрезентација која се уште нема победа во квалификациите.

Многу поинтересно се очекува да биде во Чешка каде ќе гостува Косово. Двете селекции се борат за второто место во групата, Чесите се имаат бод повеќе.

Група А:

Англија-Црна Гора
Чешка-Косово

Табела: Англија 15, Чешка 12, Косово 11, Црна Гора 3, Бугарија 3

Украина од Б-групата веќе избори пласман на Европсото првенство. Вечерва во оваа група фаворитите ќе ги пречекаат аутсајдерите. Португалија има 11 бода, еден повеќе од Србија и вечерва ќе игра против Литванија. Србите од друга страна ќе го пречекаат Луксембург

Група Б:

Србија-Луксембург
Португалија-Литванија

Табела: Украина 19, Португалија 11, Србија 10, Луксембург 4, Литванија 1

Сите дилеми околу патниците на Европското првенство вечерва можат да бидат решени во Х-групата. Во најдобра позиција се Франција и Турција. Французите ќе играат пртив Молдавија и за очекување е да ја завршат работата.

Турците ќе имаат потешка задача против Исланд на домашен терен, иако и со евентуален пораз Трурците ќе бидат во подобра позиција бидејќи имаат четии бода повеќе од Исланд, а во последното коло ќе играат со Андора.

Група Х:

Турција-Исланд
Франција-Молдавија
Албанија-Андора

Табела: Турција 19, Франција 19, Исланд 15, Албанија 12, Андора 3, Молдавија 3

Scroll to Top