Top Sport

Француските политичари бараат откажување на мечот со Турција

Вечерва во 20.45 часот, светскиот шампион Франција ќе ја пречека Турција на „Стад де Франс“ во борба за прво место во квалификациската група за Евро 2020, но дел од француските политичари бараат мечот да се откаже како реакција на салутирањето на турските фудбалери на војската која врши „операции“ во Сирија.

Во петокот, Турција стигна до доцна 1:0 победа по Албанија, по што турските фудбалери салутираа кон публиката, објаснувајќи дека победата е посветена на „храбрите турски војници“.

Жан-Лук Меленшон, лидерот на левичарксата Франс Инсумис партија побара откажување на мечот.

„Ако турските фудбалери поздравуваат војнички, тогаш мораат да очекуваат дека кон нив ќе се однесуваме како кон непријателски војници. Не се игра фудбал, нема спорт“, изјави Меленшон.

Жан Криштоф Лагард, лидерот на десничарската УДИ партија се согласува.

„Со овој воен поздрав, турската фудбалска репрезентација ја помина границата која го дели спортот од политиката. Не можеме да ги поздравиме на ’Стад де Франс’ тие кои ги поддржуваат масакрите на нашите курдски сојузници“, вели Лагард.

Турците по победата салутираа на војниците во Сирија

Scroll to Top