Францускиот судија Жереми Пињар е делегиран да ја дели правдата на натпреварот од Лигата на нации меѓу Бугарија и Македонија во Разград, в четврток на 2 јуни.
Негови асистенти ќе бидат Аурелиен Друет, Лорен Кониљо и Микаел Лесаж, исто така од Франција.
Во оваа фаза од Лигата на нации нема користење на ВАР-системот.