Навивачите на Пари Сен-Жермен повторно му замерија на Нејмар, откако тој неколку часа по поразот од Баерн Минхен во Лигата на шампиони бил забележан како игра покер и го посетува ресторанот „Мекдоналдс“.
Во вторникот, ПСЖ на домашен терен загубија со 0:1 во меч во кој Нејмар играше 90 минути. Наместо да се врати во тимскиот хотел, Нејмар заминал во хотелот „Хајат риџенси“ за да учествува во турнир од Европската покер турнеј, пред да заврши во „Мекдоналдс“.
Нејмар е партнер на „Покер-Старс“ од 2014 година, така што појавувањето на турнирот беше спонзорска обврска, но тоа не го намали бесот на навивачите. Исто така интересно е што по мечот неговиот соиграч Килијан Мбапе им порача на фудбалерите на ПСЖ добро да се одморат пред реваншот против Баерн.
„Нашите фудбалери мора да се во добра форма. Сите мора да јадат и спијат добро. Одиме на работа и мораме целосно да се подготвиме“, изјави по мечот Мбапе.
Well hello @neymarjr 👏
The soccer superstar is playing poker at #EPTParis in the €10k Mystery Bounty.
Follow his progress 👉 https://t.co/nNvH3LshRa pic.twitter.com/tlFaYwrKBS
— PokerStars LIVE (@PokerStarsLIVE) February 15, 2023
Neymar a été aperçu dans un restaurant McDonald's après avoir participé à un tournoi de poker hier soir. 🍔
(IG : guipitta_) pic.twitter.com/Zvvdk5UEZa
— Footballogue (@Footballogue) February 16, 2023