Top Sport

Французите бесни на Трезеге и на Жињак зошто сакаат Меси да ја освои титулата

Франција има можност да стане само третата репрезентација која ја одбранила титулата светски првак, по Италија и Бразил, а на другата страна е Аргентина предводена од Лионел Меси, кој има огромна желба да дојде до својата прва титула во последниот настап на светските првенства.

Многу љубители на фудбалот навиваат Меси на овој начин да ја круниса својата богата кариера, а меѓу нив се и двајца поранешни француски репрезентативци. Првиот е легендарниот Давид Трезеге, кој со Франција стана светски првак во 1998 година, додека осум години подоцна загуби од Италија во финалето.

„Меси ја заслужува титулата светски шампион, а ова е неговата последна шанса да постигне нешто такво. Луѓето сонуваат за тоа, цела Аргентина игра за него и тој одлично се сложува со своите соиграчи. Целиот тим покажува самопожртвуваност во играта“, изјави Трезеге за АФП и додаде:

„Франција, сепак, има добри шанси да ја одбрани титулата, а Килијан Мбапе сонува да го победи Меси. Овде има разлика во години, Лео е на крајот од кариерата, Мбапе допрва почнува и ќе руши секакви рекорди.

Со него се согласува и Андре-Пјер Жињак, 37-годишен фудбалер на мексиканскиот Тигрес, кој играше за Франција на Светското првенство во 2010 година и на ЕВРО 2016 година.

„Јас сум Французин, но би сакал Аргентина да го освои Светското првенство бидејќи Лео Меси тоа го заслужи со својата кариера. Се однесува како вистински лидер на теренот и тоа го заслужува“, изјави Жињак.

Навивачите на француската репрезентација се револтирани од изјавите на нивните поранешни напаѓачи. На социјалните мрежи доминираат коментари кои ги нарекуваат „предавници“ и „лажни Французи“.

Срамота е што играа за Франција“, се дел од коментарите за Трезеге и за Жињак.

Scroll to Top