Top Sport

Франк де Бур руши антирекорди

Поранешниот холандски фудбалер, Франк де Бур има многу чудна тренерска кариера.

На клупата на Интер доби отказ по само 14 меча, а во премиерлигашот Кристал Палас заработи отказ веќе по петтиот меч.

Во Атланта Јунајтед издржа цели 55 меча, а на стартот на новата МЛС сезона по само 3 меча, отпуштен е.

Година ипол поминати во Џорџија делува како успех во споредба со оние 84 работни денови во Милано и само 72 во Лондон, но според она што го пишуваат навивачите на клубот, премалку од своевремено одличниот фудбалер.

Атланта минатата сезона беше втор тим на Истокот, но кога засилени ова лето се вратија во новата сезона и врзаа три порази на стартот, тоа беше крај за Де Бур.

Scroll to Top