Фудбалскиот клуб Брентфорд денеска го официјализираше продолжувањето на соработката со тренерот Томас Френк до 2027 година.
Извонредниот дански стручњак постигнува одлични резултати со тимот од „Брамал Лејн“ и покрај тоа што имаше шпекулации дека тој ќе го напушти клубот.
„Да се биде тренер во овој клуб е како љубовна врска – има подеми и падови. Тука сум шест години, што е многу во модерниот фудбал и сакам да им се заблагодарам на сите вклучени во работата на Брентфорд”, изјави Франк.
Данецот во клубот пристигна во 2016 година, првично како асистент, две години подоцна беше именуван за прв тренер.
Минатата година успеа да избори промоција на Брентфорд во Премиер лигата.