Top Sport

Франк Кеси се враќа во Милано, ама кај лутиот ривал?

Италијанскиот калчолигаш Интер подготвува вистинска „бомба“ за зимскиот преоден рок. Директорот Џузепе Марота работи на доведување на поранешен играч на Милан во редовите на „нероазурите“.

Според италијанските медиуми, Франк Кеси ќе се врати во градот на модата, само што овојпат ќе го облече дресот на некогашниот лут ривал.

Од неговото доаѓање во Барселона, Кеси е во подредена позиција кај тренерот Чави. Каталонскиот тим нема ништо против неговото заминување, па Кеси ќе му се приклучи на Чалханоглу со кој своевремено играше во Милан.

Scroll to Top