Директорот на „Франс фудбал“, Паскал Фере, ги демантираа „Марка“ и португалската телевизија РТП, дека е познат добитникот на Златната топка.
На почетокот на неделата, „Марка“, објави дека престижната награда ќе ја добие Роберт Левандовски, а доцна синоќа РТП излезе со информација дека лауреат, седми пат во кариерата ќе биде Лионел Меси.
„Таа информација е едно големо сра.е, како и многу други информации кои излегоа во последните десет дена. Голем блеф“, рекол Ферер.
Покрај Меси и Левендовски, главни кандидати за Златната топка се Карим Бензема и Мохамед Салах.
Златната топка ќе биде доделена на 29.ноември.