„Франс фудбал“, на насловата страница покажува кои се фаворитите за Златната топка. Меѓу нив се двајцата кои доминираа повеќе од една деценија, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Најмногу Златни топки има освоено Меси, вкупно шест, една ваква награда помалку има Роналдо.
„Франс фудбал“ смета дека се фаворити за наградата и покрај тоа што немаа добри клупски сезони. На репрезентативен план, Меси ја освои Копа Америка со Аргентина, додека Роналдо со Португалија испадна во осмина-финалето на Европското првенство.
На насловната страница, со која „Франс фудбал“ го најавува доделувањето на наградата на 29.ноември, покрај Меси и Роналдо се и Карим Бензема, Роберт Левандовски и Жоргињо.
Во изборот за Златната топка гласаат новинари, односно селекторите и капитените на националните тимови.