Top Sport

„Франс фудбал“ со контроверзна насловна страница

Прашањето кое повеќе од една деценија ги „мачи“ фудбалските фанови – дали Кристијано Роналдо или Лионел Меси е подобар фудбалер, доби неочекувана насловна страница на славниот француски фудбалски магазин „Франс фудбал“ кој ги „поврза“ ѕвездите на необичен наслов.

Провокативната илустрација покрај гласањето за навивачите ги постави Роналдо и Меси во романтичен бакнеж. Дел од фановите на Интернет сметаа дека се работи за непотребно барање на контроверзи, слично како „Шарли Ебдо“, францускиот сатиричен магазин кој беше мета на терористички напади.

Scroll to Top