Top Sport

Франција ја има најскапата репрезентација на Мундијалот

Сите 48 репрезентации ги објавија своите конечни списоци од 26 (или во ретки случаи 25) играчи кои патуваат на претстојното Светско првенство.

Затоа, ова е вистинско време да се споредат голем број статистики, а една од најинтересните секогаш се однесува на вредностите на играчите.

Според Transfermarkt, најпопуларната платформа за проценка на вредноста на играчите, листата ја предводи Франција со вкупна вредност што надминува 1,5 милијарди евра, по што следи Англија (1,3 милијарди) и Шпанија (1,26 милијарди) и Португалија (1,02 милијарди).

Што се однесува до селекциите од регионот Хрватска се наоѓа на 17-то место, со пороценета вредност од 289,7 милиони евра, додека Босна и Херцеговина на 31-то место, со проценета вредност на фудбалњерите од 149 милиони евра.

Најмала вреднотс има селекцијата на Јордан, инаку дебитант на СП. Проценетата вредност на фудбалерите на оваа репрезентација изнесува 19,8 милиони евра.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');