Top Sport

Манчестер Јунајтед го потврди заминувањето на Хојлунд

Манчестер Јунајтед го потврди заминувањето на данскиот напаѓач Расмус Хојлунд, кој се сели трајно во Наполи по едногодишна позајмица.

Хојлунд пристигна на „Олд Трафорд“ во 2023 година од Аталанта за 83 милиони евра, но не успеа да ги оправда високите очекувања во англискиот клуб.

Данецот не успеа да се наметне во Манчестер и падна во втор план под тренерот Рубен Аморим. Неговите услуги не му се потребни ниту на новиот тренер, Мајкл Карик, па клубот официјално ја потврди неговата продажба. На 95 настапи за Јунајтед, тој постигна 26 гола.

Хојлунд ја помина минатата сезона на позајмица во Наполи, со кого се бореше за шампионската титула во Серија А. Тој забележа 16 гола и осум асистенции во 44 настапи, а италијанскиот клуб сега одлучи да го откупи неговиот договор за 44 милиони, со што го заврши престојот на Хојлунд во Јунајтед.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');