Top Sport

Фред на „столбот на срамот“, тој вели: Не беше најдобра вечер

Бразилецот Фред беше посочен како главниот виновник за домашниот 1:3 пораз на Манчестер јунајтедо Пари Сен-Жермен, а поранешниот фудбалер на „ѓаволите“, Мајкл Овен го нарече „патетичен“ и изјави дека да бил тој тренер, тој веќе не би заиграл за клубот.

Јунајтед пропуштија шанса да обезбедат место во осминафиналето на Лигата на шампионите со поразот и во последното коло не смеат да загубат од Лајпциг на гости за пласман. „Ѓаволите“ имаа среќа што не останаа со 10 играчи по само 20 минути игра, кога Фред требаше да добие црвен картон поради обидот со глава да го удри Леандро Парадес, и тој доби само жолт картон. Меѓутоа, по невнимателниот старт над Андер Ерера, Фред доби втор жолт картон и ги остави „ѓаволите“ на мака во последните 20 минути од мечот.

„Многу грешки. Дуелот со Паредес беше црвен картон. Возрасен човек си не треба да правиш такви работи и да го поставуваш клубот под ризик. Да бев јас менаџер, немаше веќе да заигра за мене. Фред е виновен, но и Оле, бидејќи требаше да го извади од игра“, вели Овен.

Самиот Фред, пак, не беше многу вознемирен од случувањата, но прати порака до навивачите.

„Ова не беше најдобрата вечер, но ќе продолжиме да работиме за доброто. Секогаш со силен ум. Ние сме Јунајтед. #MUFC“, напиша Фред на Инстаграм.

Дали Орсато згреши? Паредес можеби глумеше, но Фред заслужи црвен (ОБНОВЕНО – на крајот доби црвен!)

Scroll to Top