Top Sport

Фред, наместо во Сити, ќе заврши во Јунајтед?

Бразилскиот играч од средниот ред на Шахтјор Доњецк, Фред им пратил сигнали на Манчестер јунајтед дека е подготвен за трансфер ако клубот е заинтересиран ова лето.

25-годишниот Фред, кој беше поврзуван со трансфер во Манчестер сити во јануари, сака да замине по пет години со украинските шампиони, и Бразилецот признава дека сонува да игра за поголем клуб.

„Многу сум среќен во Шахтјор, бидејќи сѐ оди добро за мене тука, но поминаа пет години. Никогаш не сум криел колку ми се допаѓа во Украина, но сакам да направам голем чекор во мојата кариера. Има клубови во Англија и Франција кои се заинтересирани, но јас сакам само голем скок“, вели Фред.

Тој има договор со Шахтјор до 2021, така што вели дека прв фокус е Светското првенство, бидејќи тој е еден од 23-цата на селекторот Тите.

„Сега треба да се оди на Светското првенство, па потоа да се види која е најдобрата следна дестинација за мене“, вели Фред.

Scroll to Top