Top Sport

Фред: Знаев неколку месеци порано дека Касемиро доаѓа во Јунајтед

Фред открива дека знаел дека неговиот бразилски сонародник Касемиро ќе потпише за Манчестер јунајтед неколку месеци пред официјално да биде потврден неговиот трансфер од Реал Мадрид, објаснувајќи дека тој бил возбуден од шансата да биде дел од новиот проект на „Олд Трафорд“.

Додека Фред го знаел тоа, за многу фудбалски фанови, трансферот од Реал Мадрид, каде што само што ја освои титулата од Лигата на шампионите, беше навистина изненадувачки.

„Бев изненаден што сакаше да дојде. Но, дознав за тоа пред официјално да го објават, неколку месеци претходно. Веќе зборувавме и тој ме прашуваше како е таму и јас му објаснив што се случува со клубот, дека не сме во најдобар момент, но дека со нов тренер ќе почнеме одново. Му се допадна проектот, сметаше дека е кул да се игра за Манчестер јунајтед и затоа дојде. Сега се движиме во вистинска насока, победуваме повторно и се работи за процес во кој двајцата веруваме“, вели Касмерио за „ТНТ спортс Бразил“.

Касемиро неодамна ја доби наградата за најдобар играч на Манчестер јунајтед за октомври.

Scroll to Top