Top Sport

НБА ѕвездата Гобер, кој се потсмеваше со корона вирусот, по третпат е позитивен!

Француската НБА ѕвезда, Руди Гобер, кој во 2020 се потсмеваше со мерките на претпазливост за заштита од коронавирусот, допирајќи ги микрофоните на новинарите, сега по третпат е позитивен на КОВИД-19.

Гобер го пропушти 129:117 триумфот на неговите Минесота тимбервулвс против Хјустон рокитс, по што од клубот потврдија дека тој е повторно позитивен, третпат во последните две години.

По шегите за коронавирусот во 2020, тој стана првиот НБА кошаркар кој бил позитивен, по што сезоната беше прекината. Потоа во јануари оваа година повторно да се зарази.

Гобер се потсмевал со мерките за претпазливост, ги допирал новинарските микрофони (Видео)

Scroll to Top