Поранешниот играч на Челси, Френк Лампард, официјално ја започна својата тренерска кариера. Лампард, потпишал тригодишен договор со членот на Чемпионшип дивизијата, Дерби каунти.
Дерби каунти, не успеа да се врати во Премиер лигата, откако во полу-финалниот бараж загуби од Фулам, кој подоцна преку Астон вила се пласира меѓу англиската елита.
По тој меч клубот го напушти менаџерот Гери Ровет.
39-годишниот Лампард бил еден од 20-мината кандидати за клупата на Дерби каунти. Единствена цел на младиот тренер ќе биде да го врати клубот во Премиер лигата.
Дерби каунти во својата богата историја два пати бил шампион на Англија (1972 и 1975).