Криштоф Фројнд од 1 септември ќе биде нов спортски директор на Баерн Минхен, пристигнувајќи од истата позиција во австрискиот шампион Ред бул Салцбург.
Фројнд ќе го замени Хасан Салихамиџиќ, кој беше отпуштен заедно со директорот Оливер Кан по крајот на минатата сезона. 46-годишниот Фројнд е во Салцбург од 2015 година.
„Пресреќни сме што носиме искусен и успешен спортски директор во Криштоф Фројнд. Сигурни сме дека тој е вистинската личност за засилување на тимот заедно со тренерскиот тим на Томас Тухел и техничкиот директор Марко Непе“, вели генералниот директор на германскиот шампион, Јан Кристијан Дресен.
Фројнд беше фудбалер на Австрија Салцбург пред да се врати како дел од техничкиот тим во 2006 година, а потоа во 2015 го замени Ралф Рангник на позицијата спортски директор. Тој во клубот ги донесе Ерлинг Халанд, Карим Адејеми, Амаду Хајдара, Наби Кеита, Доминик Собослаи и Дајот Упамекано, кои подоцна Салцбург ги продадоа во скапи трансфери.
ℹ️ FC Bayern have appointed Christoph Freund as the club’s new sporting director as of 1st September 2023. #MiaSanMia
— FC Bayern Munich (@FCBayernEN) July 18, 2023