Дефанзивецот на италијанскиот калчолигаш Аталанта, Хозе Луис Паломино падна на допинг-тест, бидејќи беше позитивен на „клостебол метаболит“. Тоа е супстанца која е синтетички анаболичен андроген стероид и е на списокот на забранети супстанции на WADA.
Аргентинецот беше тестиран на тренинзите на подготовките, а сега го чека суспензија.
Паломино пристигна во Аталанта од Лудогорец во 2017 година.