Холандскиот фудбалер на Бурнемаут, Арнаут Данџума Греневелд открива дека по грешка бил уапсен за обид на убиство пред да почне карантинот поради корона вирусот.
Во интервју за „Сан“, Данџума открива дека додека се шетал по улиците на англискиот град на 16 март пред него застанало полициско возило и двајца полицајци му наредиле да ги стави рацете на автомобилот.
„Прашав што сум направил, но тие ми наредија да замолчам. Повторно прашав што сум направил, но полицаецот не ми кажа ништо и побара помош. Беше засрамувачки. Луѓето зборуваа и ме фотографираа. Се налутив и кажав некои работи кои не требаше да ги кажам. И на крајот ми кажаа дека погрешно ме идентификувале и дека барале некој кој избодел друг човек. Не ми се извинија“, вели 23-годишниот Данџума, кој потоа решил да не побара од клубот да поднесе жалба за однесувањето на полицајците.