Судот во Сиена го осуди играчот од средниот ред на Џенова, Маноло Портанова на шест години затвор за учество во групно силување, објави „Република“.
22-годишниот фудбалер беше обвинет дека силувал 21-годишна студентка на домашна забава во Сиена во мај минатата година заедно со неговиот 23-годишен роднина Алесио Лангела и двајца негови пријатели – Алесандро Капиело (25) и неименуван 17-годишник, чиј случај го води обвинителот за малолетници во Фиренца.
И Портанова и Лангела побараа брзо судење и денеска беа осудени на шест години затвор, објави весникот. Исто така, им беше наредено да платат 120.000 евра како компензација на жртвата и нејзиното семејство.
Во забрзано судење, обвинетиот го прескокнува судското рочиште за да добие значително намалување на казната и да го скрати судењето, но тоа не е признавање на вината.
Италијанскиот играч за врска се изјасни за невин, па може да поднесе жалба на одлуката.
Капиело денеска беше изведен пред суд бидејќи не побара брзо судење.