Маноло Портанова, фудбалерот од школата на Јувентус, кој во јануари беше продаден на Џенова е во куќен притвор поради учество во групно силување, јавува италијанската „РАИ“.
21-годишниот фудбалер од средниот ред, кој е син на поранешниот дефанзивец на Џенова и Наполи, Даниеле Портанова, е еден од тројцата луѓе кои се обвинети дека силувале една 22-годишна девојка на домашна забава во Сиена.
Според италијанските медиуми, еден од обвинетите тврди дека имал консензуален секс со жената, додека другите засега се бранат со молчење додека трае истрагата.