Top Sport

Фудбалер на Коњаспор загина во сообраќајна несреќа

Фудбалерот на Коњаспор, Ахмет Чалик, загина во сообраќајна несреќа, во близина на Анкара. Според турските медиуми, Чалик, изгубил контрола врз автомобилот и излетал од патот. 27-годишникот починал на местото на несреќата.

Ахмет Чалик, кариерата ја започнал во 2011 година во Генчербилригки, по шест години се преселил во Галатасарај. Од 2020 година играл за Коњаспор. Сезонава настапил на 18 натпревари.

Чалик одиграл осум натпревари и постигнал еден гол за репрезентацијата на Турција.

Scroll to Top