Top Sport

Фудбалер на Реал има преддоговор со Барселона

Не е вообичаена појава играчите на Реал Мадрид или Барселона да се преселат од еден клуб во друг, но како што стојат работите, тоа ќе се случи наскоро.

Како што пренесува каталонскиот „RAC1“, фудбалерот на Реал Мадрид, Марко Асенсио, потпишал преддоговор со Барселона. Овој извор вчера објави дека менаџеорт на Асенсио, познатиот Жорге Мендеш е во постојан контакт со луѓето од Барселона.

Асенсио е во последната година од договорот и нема апсолутно никакви индикации дека би можел да ја продолжи соработката со Реал.

Асенсио има одиграно 239 натпревари во дресот на „кралскиот клуб“, постигнал 50 гола и забележал 24 асистенции.

Последен кој направил трансфер од Реал во Барселона е актуелниот селектор на Шпанија, Луис Енрике. Тој во 1996 година од Мадрид се пресели на „Ноу Камп“.

Scroll to Top