Крилото на Вулверхемптон, Адама Траоре го пропушти вчерашниот меч од квалификациите за Лига европа против Пјуник во Ерменија, бидејќи го заборавил пасошот дома, признава тренерот Нуњо Еспирито Санто.
И без него, премиерлигашот стигна до убедлива 4:0 победа во Ереван. 23-годишниот Траоре се појавил на аеродромот во Лондон со лична карта како единствен документ и не бил пуштен да замине.
„Имаше проблем со пасошот. Не знаел дека не може да се патува со лична карта и затоа остана дома. Ќе биде со нас на следниот натпревар“, изјави Санто.
Траоре овојпат нема да мора да го бара пасошот, бидејќи реваншот се игра на „Мулињо“ на 15 август.