Top Sport

Фудбалерите до 18 години загубија од Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години загуби од Србија со 3:0 на пријателскиот натпревар во Стара Пазова. Селекцијата на селекторот Тони Јакимовски не можеше да се носи со селекцијата на Србија, која сите голови ги постигна во првиот дел.

Бубањ во 27. минута го отвори резултатот на мечот. Во 32. минута Милошевиќ погоди за предност од 2:0. Во 39. минута, Бубањ го постигна својот втор гол и ги постави конечните 3:0.

Македонија: Петар Јакимов, Ѓорѓи Џеков, Абиола Бамијоко, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Лорик Каба Јакупи, Теодор Николовски, Зани Назифи, Мартин Ѓорѓиевски, Валон Алији, Хакија Цаноски;

Селектор: Тони Јакимовски;

Scroll to Top