Фудбалскиот клуб Трепча од Косовска Митровица објави дека нема да биде одигран натпреварот во рамките на Купот на Србија против Црвена ѕвезда. Српските медиуми пренесуваат дека натпреварот ќе се одигра в четврток во Стара Пазова на територијата на Србија.
Косовската полиција на граничниот премин Јариње, на делегацијата и фудбалерите на Црвена ѕвезда не им дозволила да влезат на територијата на Косово.
„Имаме забрана за влез на територијата на Косово. Прашав зошто е тоа така ми рекоа дека забраниле од Владата на Косово“, им рекол на новинарите на граничниот премин генералниот директор на Црвена ѕвезда, Звездан Терзиќ.