Фудбалерите на клубот на македонскиот капитен Горан Пандев, Џенова, добија вистинска „лекција“ од нивниот тренер Чезаре Прандели, по што Ервин Зукановиќ, Педро Переира и Мигуел Велосо морале да се извинат на своите соиграчи.
Прандели потврди дека имало „зовриени дискусии“ во соблекувалната на полувремето при саботниот 2:0 пораз од Удинезе по шпекулациите во италијанските медиуми за конфликт меѓу играчите.
Во недела наутро, фудбалерите на Грифоне добија лекција од својот тренер, и ги надминаа проблемите.
„Пред тренингот имаше малку, но чисти зборови, од преземањето одговорност, официјални извинувања пред тренерот Прандели. Потоа сите излегоа на тренинг посилни и пообединети пред мечот со Интер во текот на неделата“, се вели во официјалниот пост на клубот.
Според „Скај спорт Италија“, Переира, Зукановиќ и Велосо морале да се извинат, откако посебно Велосо, кој не играше против Удинезе, бил вклучен во расправијата која се случила во тунелот на полувремето.
?? Il Genoa riunito ascolta le parole di mister #Prandelli. Scuse e chiarimento: ogni cosa torna al suo posto.
⚽️ Si riparte tutti insieme: in campo per l’allenamento in vista dell’Inter. pic.twitter.com/qokGakaL3c
— Genoa CFC (@GenoaCFC) March 31, 2019