Ливерпул пред дербито на „Мерсисајд“ на „Гудисон парк“ против Евертон се наоѓаат пред необичен предизвик – ќе мораат да се пресоблекуваат на паркингот пред стадионот поради мерките за претпазливост поради корона вирусот.
Евертон инсталираше привремен објект на паркингот пред стадионот кој ќе служи како соблекувална за гостувачките екипи по тримесечната пауза во Премиер лигата.
Бидејќи тунелот на „Гудисон парк“ е премал за двете екипи да излезат на „хигиенски начин“, Ливерпул и сите други гостувачки екипи ќе мораат да влегуваат од надворешната страна на стадионот.
Евертон инаку нема победа во дербито на Ливерпул од 2010 година, кога дома победија со 2:0 со головите на Тим Кејхил и Микел Артета. Оттогаш, во 21 меч, Ливерпул има 11 победи и 10 ремија.
Liverpool changing room in the Goodison car park this afternoon pic.twitter.com/6I5rRY4b4E
— Matt Critchley (@MattCritchley1) June 21, 2020