Top Sport

Мане инсистира дека не било пенал: Да не ги кренев рацете ќе завршев во болница

Напаѓачот на Баерн Минхен, Садио Мане инсистира дека контроверзниот момент кога играше со рака во шестнаесетникот за да го блокира ударот на Николо Барела на мечот со Интер не бил пенал, бидејќи да не се „одбранел“ сигурно ќе завршел во блница.

На стартот на мечот на „Алијанц арената“, Барела упати силен удар, кој го погоди Мане во кренатите раце и и покрај протестите на играчите на италијанскиот тим, словачкиот судија Иван Кружлијак реши дека не се работи за пенал. Мане се согласува.

„Да не ги кренев рацете пред моето лице ќе завршев во болница. Очигледно, тоа не беше пенл. Интер се силен тим, ја елиминираа Барселона така што знаевме дека се опaсни“, вели Мане по 2:0 победата над Баерн.

Требаше ли Интер да добие пенал на „Алијанц арената“?

Scroll to Top