Top Sport

Фудбалерите на Ница играле натпревар, а на трибините се снимал порно-филм

Францускиот клуб Ница поднесе тужба против непознати сторители, затоа што се појави видео-материјал на страници за возрасни, снимен на стадионот на клубот.

Според информациите, видеото со порно содржина е снимен за време на мечот на 29 јануари со Лил. Сцената на филмот почнува на трибините на стадионот каде актерите почнуваат разговор, а потоа сексуалните активности се случуваат во еден од тоалетите.

„Ница стартуваше тужба против лицата кои го снимаа овој филм за возрасни во тоалетите на Алијанц Ривиера. Случката е од 29 јануари на мечот со Лил“, објави францускиот прволигаш.

Scroll to Top