Top Sport

Милвоки го победи и најдобриот тим во НБА лигата

Милвоки Бакс го доби дуелот на двете најдобри екипи во НБА лигата, откако го победи Бостон Селтикс со 131:125 по продолжение. Тоа е 11. последовен триумф за Милвоки, а Бостон и покрај поразот остана тим со најдобар ефект во НБА лигата со 41 победа и 17 порази.

Бостон беше ослабен, без двајцата најдобри кошаркари Џејсон Тејтум и Џејлен Браун, но и покрај тоа даде голем отпор.

Џру Холидеј беше најефикасен кај Милвоки со 40 поени, а Јанис Адетокумбо имаше дабл-дабл од 36 поени и 13 скокови, додавајќи и девет асистенции. Кај Бостон, најдобри беа Дерик Вајт со 27 поени и 12 асистенции и Малколм Брогдон со 26 постигнати поени.

Феникс санс со 120:109 го совлада Сакраменто кингс, иако го немаше во тимот новото големо засилување, Кевин Дурент.

Девин Букер беше најефикасен со 32 поени, а одличен беше и центарот Деандре Ејтон со 29 поени и 11 скокови. Кај Сакраменто, прво име беше Деарон Фокс со 35 постигнати поени.

ЛА Клиперс во дербито на Западот го победи актуелниот шампион Голден Стејт вориорс со 134:124. Но, за „воините“ не настапи Стеф Кари.

Каваи Ленард со 33 поени имаше блескава вечер.

Резултати: Милвоки – Бостон 131:125 (прод.), Торонто – Орландо 123:113, Феникс – Сакраменто 120:109, ЛА Клиперс – Голден Стејт 134:124, Портланд – Вашингтон 101:126.

Scroll to Top