Top Sport

Фудбалерите на Њукасл „штрајкуваат“ за поголеми бонуси

Фудбалерите на Њукасл јунајтед одбија да „соработуваат“ со англиските медиуми додека не се најде решение за нивниот конфликт со клубот околу исплатата на бонусите за сезоната 2018/19.

Новинарот на „Скај спортс“, Кит Дауни потврди дека фудбалерите одбиле да учествуваат во снимање на видео  со „одење“ за ТВ-компаниите во понеделникот, кое подоцна би се користело за претставување на тимовите пред преносите на мечевите.

Првиот меч на Њукасл во новата сезона, дуелот со Тотенхем во сабота, ќе биде прикажуван на англиската „Скај спортс“.

Сопственикот на клубот, Мајк Ешли, кој не успеа во идејата да го продаде тимот од „Сент Џејмс парк“, и генералниот директор Ли Чарнли не сакаат да се согласат со пакетот за бонуси на фудбалерите според перформансите. По ова, фудбалерите на Њукасл не даваа изјави за медиумите во пријателските мечеви против Брага и Аугзбург, а најверојатно ќе продолжат со бојкотот против Тотенхем.

Scroll to Top