Top Sport

Состојбата на Лауда се подобрува, лекарите оптимисти

Трикратниот Ф1 шампион, Ники Лауда се наоѓа во „многу задоволувачка“ состојба четири дена по итната операција за трансплантација на бели дробови, објавија од болницата во Виена.

„Веќе по 24 часа од операцијата, г-дин Лауда почна да дише самостојно и ја врати свесноста. Во следнтие денови неговата состојба се подобруваше постојано и сите негови органи функционираат добро“, се вели во соопштението на болницата.

69-годишниот Лауда мораше да се врати од летувањето на Ибица на крајот на јули откако доби инфекција на белите дробови, кои му беа во слаба состојба по неговиот тркачки инцидент во 1976 кога на спасувачите им требаше цела минута да го извлечат од болидот кој гореше.

Докторот Валтер Клепетко, кој ја изврши трансплантацијата за австриските медиуми изјави дека Лауда ќе мора да почека неколку недели пред да ја напушти болницата, но дека ако нема компликации ќе може да продолжи со нормалниот живот.

Лауда, кој ги освојуваше титулите во 1975, 1977 и 1984 година, има четири деца од два брака – Лукас (39), Матијас (37) и осумгодишните близнаци Макс и Миа.

Лауда закрепнува по трансплантацијата на белите дробови

Scroll to Top