Top Sport

Лестер многу блиску до хрватскиот талент Бенковиќ

Лестер сити се блиску до договор со 21-годишниот дефанзивец на Динамо Загреб, Филип Бенковиќ, јавуваат повеќе италијански и англиски извори.

Бенковиќ, член на хрватската младинска репрезентација е израснат во школата на Динамо, а од 2015 година е во првиот состав со 56 настапи во Хрватската лига и 13 во европските купови. 1.93 метри високиот централен дефанзивец покрај одличната игра во одбраната знае да биде опасен и во нападот.

Според угледниот италијански новинар Џанлука ди Марцио, Лестер сити сакаат бргу да ја завршат работата вредна 11 милиони фунти (плус 2 милиони во бонуси) пред крајот на преодниот рок во Англија во четврток.

Бенковиќ би бил уште едно засилување за тимот на Клод Пуел, откако Лестер досега ги донесе Дени Ворд, Рикардо Переира, Џони Еванс, Џејмс Медисон и Рашид Гезал, додека го продаде својот најдобар играч Ријад Марез на Манчестер сити.

Scroll to Top