Top Sport

Клоп: Не е фер Ливерпул да не ја добијат титулата

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека не би било фер да не им се даде титулата од Премиер лигата доколку се откаже остатокот од сезоната поради пандемијата на корона вирусот.

„Црвените“ имаат 25 поени предност пред Манчестер сити и се на чекор од првата лигашка титула по 30 години, а иако Премиер лигата продолжува со плановите за рестартирање кон средината на јуни, останува опцијата сезоната да се прекине без прогласување шампион.

„Имаше муабети дека луѓето сакаат да ја прогласат сезоната за поништена. Веднаш помислив: ’Како? Имаме 76 отсто одиграни натпревари и сакате да го избришете тоа?’. Тоа за мене лично не би било фер. Ние сме први на табелата според домашните мечеви, први на табелата според гостинските мечеви. Ова е сезона во која треба да станеме шампиони. Здравствената криза е најважното, но тоа не значи дека другите работи немаат никаква важност. Има полоши работи во животот од тоа да не станете шампиони, но сепак мислам дека тука ситуацијата е јасна“, вели Клоп.

Scroll to Top