Манчестер сити најверојатно нема да ја одбрани титулата од Премиер лигата откако Ливерпул направија огромна предност на врвот на табелата, но тоа очигледно не ги спречува добро да ги прославуваат своите победи.
Според британскиот таблоид „Сан“, по неверојатната 6:1 победа над Астон вила, менаџерот Пеп Гвардиола дозволил фудбалерите да имаат „вечер за забава и дружење“, по што било организирано пристигнување на 22 италијански манекенки во ексклузивниот хотел „Мир“ во Чешајр.
„Тоа беше задоцнета божиќна забава за фудбалерите, која беше организирана неколку месеци. Фудбалерите не ги побараа девојките, но еден близок човек од клубот го организираше нивното пристигнување“, вели извор на „Сан“.
Man City aces jetted in 22 models for Bunga Bunga-style bash after 6-1 winhttps://t.co/vxGYijWzyC pic.twitter.com/P9u8BnAa0i
— The Scottish Sun (@ScottishSun) January 14, 2020