Фудбалската репрезентација на Македонија го одржа првиот тренинг во пресрет на баражот со Италија во Палермо за пласман на Светското првенство во Катар. Европскиот првак е голема пречка, но и секако огромна мотивација да се одигра на врвно ниво и, доколку е можно, да се приреди сензација.
Енис Барди и Давид Бабунски го пренесоа оптимизмот во нашата селекција, најавија беспоштедна борба и подготвеност да се грабне шансата.
Националниот тим утре попладне патува за Италија, каде ќе ги има последните подготовки за големиот дуел в четврток.