Top Sport

Фудбалерите „скокнаа“ две места на ФИФА-листата

Резултатите што ги постигна фудбалската репрезентација во двата натпревари, во квалификациите за пласман на ЕУРО 2020, на Македонија и донесоа скок од две места на листата на најдобрите светски репрезентација, која ФИФА ја објави во четвртокот.

Нерешениот резултат во Израел и победата во Летонија ја искачија македонската фудбалска репрезентација на 69 место, што претставува скок од две места во однос на претходното рангирање.

Покрај Македонија од противниците во квалификациската група напредок забележа и Словенија. Словенците со победите над Полска и Израел се искачија на второто место во групата, а на ФИФА-листата скокнаа пет позиции и сега се 58 репрезентација во светот.

Австрија остана на 27 место, додека назадуваа Полска, Израел и Летонија. Полјаците беа 20, а сега се 22, Израелците исто така назадуваа две места, сега се 86, додека Летонија е на 139 позиција.

Кога станува збор за врвот на листата, истите репрезентации од претходното рангирање се во Топ 10. Исклучок е што некои селекции ги сменија местата. На врвот е Белгија, пред Франција, Бразил, Англија, Португалија, Уругвај, Шпанија, Хрватска, Колумбија и Аргентина.

Scroll to Top