Top Sport

Фудбалерите во Шпанија не сакаат да продолжи сезоната

Професионалните фудбалер во Шпанија не сакаат сезоната да продолжи во јуни. Преку своите претставици тие ги известиле Фудбалскиот сојуз на Шпанија и челниците на Ла Лига дека се чувствуваа загрижени за здравјето и безбедноста доколку првенствата во Примера и Сегунда продолжат на почетокот на јуни.

Состанок на кој претставниците на фудбалерите го одбиле предлогот траел осум часа.

„Може да кажат дека сум луд, но јас нема да играм. Животот преди повеќе од парите“, рекол дефанзивецот на Кадиз Рафаел Хименез.

Тие не се сигурни дека никој нема да се зарази. Ако се сигурни во тоа ќе ги потпишат гаранциите дека ништо нема да ни се случи“, изјавил Хименез Фали и дополнил.

„Можеме да играме кога ќе бидеме сигурни дека ќе бидеме безбедни, а не кога тие ќе не натераат да играме. Доколку бидеме сложни и им кажене „Не“ тогаш нема да се игра“, дополнил Фали.

Ваквиот став на Фали го подржуваат најголемиот број на професионалните фудбалери.

Играчите се загрижени бидејќи два месеци ќе треба да бидат во карантин одовоени од семејствата, а никој не знае што може да се случи доколку некој се зарази и вирусот се прошири на целиот тим.

Јасно е дека големите клубови сакаат сезоната да продолжи најмногу поради големите суми што ги добивата од ТВ правата, но доколку ривалите се откажат, тогаш е сезоната нема да може да продолжи.

Scroll to Top