Top Sport

Фудбалерка одби да стои за Марадона: Тој беше силувач и педофил

Шпанската фудбалерка, Паула Дапена реши да остане на тревата и да не му оддаде минута почит на аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона, нарекувајќи го „силувач и педофил“.

Иако за Марадона фудбалерите жалат низ целиот свет, од рагби тимот на Нов Зеланд, популарните „Ол блекс“ пред мечот со Аргентина, до Лионел Меси со копијата на стариот дрес од Њуел олд бојс.

Меѓутоа, очигледно, не веруваат сите дека е потребно да се оддава почит на човекот. На пријателскиот меч меѓу Виахес Интеријас и Депортиво Абанка во Коруња, Шпанија, 24-годишната Дапена, која признава дека е феминистка, реши на ваков начин да го искаже својот протест.

„Кога дознав дека ќе има чин во негово сеќавање, одбив да стојам една минута за силувач, педофил и насилник. Само пред три дена имаше меч за време на Интернационалниот ден против насилство над жените и немавме минута молчење. Марадона беше спортист со спектакуларен фудбалски талент, но за да се оддава почит на некого, тој треба да има и вредности повеќе од способносите“, изјави Дапена.

Scroll to Top